Телекомуникациската компанија МТЕЛ останува генерален спонзор на Супер лига – мажи и за претстојната сезона 2025/2026.
Соработката меѓу Кошаркарската федерација и оваа компанија почна лани, а продолжува и во сезоната што претстои, а во која елитната конкуренција ќе го носи името Супер лига.
„Благодарност до нашиот долгогодишен поддржувач. Ние како Кошаркарска федерација, сакаме јавно да ја изразиме нашата искрена благодарност до компанијата МТЕЛ за довербата и континуираната поддршка што ни ја даваат – не само оваа година, туку и во минатото. Во време кога поддршката за спортот знае да биде непостојана, особено значи кога имаме партнери кои веруваат во нашата мисија и остануваат со нас низ годините. Вашата доследност и посветеност се пример за општествена одговорност и вистинска љубов кон спортот. Заедно продолжуваме да ја градиме иднината на македонската кошарка. Ви благодариме што сте дел од нашето семејство!”, потенцира претседателот на Кошаркарската Федерација, Томе Главчев.


