Новата сезона во македонската Суперлига (така е новото име на елитната дивизија) официјално почнува утре за кога е закажан првиот натпревар.
Прв на терен излегува актуелниот шампион МЗТ Скопје, кој во „Јане Сандански“ ќе го пречека дебитантот во елитата Маџари. Натпреварот се игра утре од 18 часот, а првото коло ќе се развлече во четири дена.
Првото дерби е в недела од 18 часот во Гевгелија каде Кожув ќе го пречека ТФТ, а второто в понеделник во истиот термин во Кале кога Работнички ќе се сретне со Пелистер.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
03.10.2025
МЗТ Скопје – Маџари 18:00
04.10.2025
Гостивар – Тиквеш 18:00
05.10.2025
Кожув – ТФТ 18:00
Чаир – МКК Куманово 19:00
Феникс – Ангели 20:30
06.10.2025
Работнички – Пелистер 18:00


