Екипата на ТФТ поведе со 2-0 во полуфиналето од плејофот во Првата лига и по четврти пат во исто толку натпревари сезонава го совлада Работнички.
Тимот од Тафталиџе славеше со 71-59 и покрај тоа што во првото полувреме имаше негатива од 14 поени разлика. Работнички го одигра најдоброто полувреме во дуелите со ТФТ оваа сезона, но доживеа колапс во вториот дел во кој постигна само 22 поена.
Отворањето беше одлично за Работнички, во четвртата минута беше 16-3, а во петтата ги достигна највисоките +14 (19-5). Фантастичен беше Стојан Ѓуроски кој во тој период постигна 11 поени без промашување. На крилјата на одличниот старт, екипата од Градски парк остана во убедливо речиси до крајот на првото полувреме за ТФТ да се избори за само -5 на голем одмор (32-37).
По четири минути игра во вториот дел Зафиров со тројка го израмни резултатот (44-44), а нешто подоцна Браун го донесе ТФТ во водство. Работнички тешко го наоѓаше патот до кошот, во тие моменти главно поентираше од линијата за слободни фрлања, а со тројките на Говенс и Ташовски, ТФТ отиде на 56-48 пред крајот на третиот период. Кога во последната четвртина домаќинот отиде на двоцифрена предност, стана јасно дека ќе поведе со 2-0.
Ташаовски со 20 поени беше најефикасен кај ТФТ, но повторно најдобар играч на овој тим беше Говенс кој реализира 17 поени, 8 асистенции и 6 скока. Ѓуроски го предводеше Работнички со 18 поени.


