Македонската кошаркарска репрезентација води со 45-32 по 20 минути игра на натпреварот против Унгарија, последен во претквалификациите за Светското првенство.
Тоа е најдобро полувреме на нашиот национален тим во овој циклус, а клучна за високата предност беше серијата од 13-0 пред крајот на првата и почетокот на втората четвртина. За разлика од претходните натпревари, денеска нема ниеден пад во играта на македонската репрезентација која сосема заслужено има убедливо водство и е на добар пат да стигне до првата победа во претквалификациите.
Најефикасен по 20 минути игра е Џејкоб Вајли со 12 поени, но од огромно значење е енергијата која ја даде Виктор Ташовски кој за помалку од десет минути во игра постигна десет поени, вклучувајќи едно атрактивно забивање.


