Викендов беа одиграни првите натпревари од четвртфиналето во Втората македонска кошаркарска лига.
Најдраматично беше во Кисела Вода каде фаворизираниот тим на Ангели со големи проблеми го совлада Борец, со 79-78. Велешани беа на чекор од изненадување, во пресрет на последниот напад водеа со 78-77, но домашниот тим постигна кош буквално со истекот на времето, односно во последната стотинка.
Во тој последен напад Ангели упатија неколку шута, топката некако се одби до Михаил Наумоски кој од непосредна близина само ја вметна во кошот. Ангели сега водат со 1-0, а вториот меч се игра на теренот на Борец.


