Четвврти пат во жеснак и 13. во машка конкуренција, на 28 септември ќе се одржи Суперкупот на Македонија.
Со тоа официјално ќе почне новата сезона во домашната кошарка и ќе бидат доделени првите трофеи за оваа натпреварувачка кампања. Кај дамите, за пехарот ќе се борат шампионот Баскет Кам и освојувачот на Купот, Вардар и нивниот меч ќе почне во 17 часот. Во машка конкуренција, пехарот ќе го брани МЗТ Скопје кој е освојувач на двојната круна во домашната кошарка за минатата сезона и финалистот во Купот, Кожув. Овој дуел е со почеток од 19:30 часот.

Кај мажите, МЗТ Скопје е најуспешен тим во ова натпреварување со седум трофеи, додека во женска конкуренција Баскет Кам триумфираше на две од трите досегашни изданија.


