Откако денеска беше извршена ждрепката за првата фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, познат е и распоредот на натпреварите на македонската репрезентација.
Првиот натпревар е на програмата на 27 ноември на домашен терен против најголемиот аутсајдер Азербејџан, а три дена подоцна е првото гостување, во Ирска. Во февруари играме дома против Луксембург и на гости против Азербејџан, а претквалификациите ги завршуваме во јули со дуел против Ирска пред своите навивачи и за крај гостување во Луксембург.
Пласман во втората фаза од претквалификациите обезбедуваат првопласираните репрезентации од секоја група и најдобрата второпласирана селекција. Во вакво друштво, се освен прво место со биланс 6/0 ќе биде неуспех за Македонија.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
1.КОЛО – 27 НОЕМВРИ 2025
МАКЕДОНИЈА – Азербејџан
Луксембург – Ирска
2.КОЛО – 30 НОЕМВРИ 2025
Ирска – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Луксембург
3.КОЛО – 27 ФЕВРУАРИ 2026
МАКЕДОНИЈА – Луксембург
Ирска – Азербејџан
4.КОЛО – 2 МАРТ 2026
Азербејџан – МАКЕДОНИЈА
Ирска – Луксембург
5.КОЛО – 2 ЈУЛИ 2026
МАКЕДОНИЈА – Ирска
Луксембург – Азербејџан
6.КОЛО – 5 ЈУЛИ 2026
Луксембург – МАКЕДОНИЈА
Азербејџан – Ирска


