Како што објави КОШ.МК минатата недела, организацијата на завршниот турнир од Купот на Македонија ја доби Гевгелија, односно Кошаркарскиот клуб Кожув.
Завршниот турнир во Ф8 формат во машка конкуренција односно во Ф4 формат во женска конкуренција, ќе се одржи во периодот од 13 до 15 февруари 2025 година, во спортската сала „26. Април“ во Гевгелија. Кошаркарскиот клуб Кожув беше единствен кој ја уплати потребната сума од 50 илјади денари за учество на лицитацијата со што автоматски ја доби организацијата на ова натпреварување. Натпреварите кај мажите ќе траат три, а кај дамите два дена, а ова ќе биде првпат по 2019 година, турнирот да се одржи во Гевгелија.
Титулата ја брани МЗТ Скопје кој минатата година триумфираше на турнирот чиј домаќин беше Битола откако во финалето го совлада тимот на Пелистер.


