Четвртите натпревари од две четвртфинални серии во македонскиот плејоф се на програмата вечерва од 19 часот.
Откако ниедна од екипите во претходните три меча не успеа да направи брејк, Кожув против МКК Куманово и Пелистер против Работнички ќе се обидат да го продолжат тој тренд и да се изборат за „мајсторки“. МКК Куманово и Работнички водат со 2-1 и со евентуален триумф вечерва ќе се пласираат во полуфиналето каде веќе чекаат МЗТ Скопје и ТФТ.
Пелистер одигра извонреден натпревар во средата и го растури Работнички, одмаздувајќи му се за дебаклот во вториот дуел. Кожув, пак, покажа карактер, два пати се спаси од бездна во мечот со МКК Куманово и денеска пред своите навивачи ќе ја продолжи борбата за место меѓу четирите најдобри.
Денеска продолжуваат и дуелите од плејаутот со директната пресметка меѓу Шкупи и Гостивар во Скопје. Мечот меѓу Вардар и Тиквеш е од ревијален карактер.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПЛЕЈОФ
Кожув – МКК Куманово 19:00 (1-2)
Пелистер – Работнички 19:00 (1-2)
ПЛЕЈАУТ
Вардар – Тиквеш 15:00
Шкупи – Гостивар 17:00


