Американскиот крилен играч Џордан Скипер Браун е четвртото странско засилување за Пелистер за новата сезона со што битолскиот тим ја пополни квотата странци за домашното првенство.
Браун доаѓа во Македонија од турскиот второлигаш Трабзон каде минатата сезона одиграл девет натпревари, но последниот од нив во февруари годинава. Претходно играл во Белгија, Франција и Словенија, а најпознат клуб каде настапувал е казахстанската Астана, член на ВТБ лигата. Од тој период е и неговиот најголем успех, победата во натпреварувањето во забивање на ВТБ Ол стар во 2024 година.
Пред Браун, Пелистер ги договори Остин Прајс, Кевин Брејси Дејвис и Никола Малешевиќ, како и македонскиот репрезентативец Андреј Митревски.


