Еден ден откако го официјализираше Владимир Мирковски каков нов тренер на тимот, Работнички почна со склопување на составот за претстојната сезона.
Прво засилување за клубот од Градски парк е 21-годишниот бек Филип Наков кој во Работнички се сели по две сезони поминати во Вардар, а со 15-кратниот шампион потпиша двегодишен договор. Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија и член на У20 селекцијата која во 2023 го освои сребрениот медал на Европското првенство Б-дивизија што се одржа во Скопје.
Минатата сезона во дресот на Вардар, Наков одигра 25 натпревари во Првата лига со просек од 8,8 поени, 5,2 скока и 3,2 асистенции и индекс 10,2.
Ангажманот на Наков е прва потврда на најавите од новиот тренер дека Работнички во новата сезона ќе им даде шанса на голем број млади кошаркари. Владимир Мирковски важи за тренер што форсира млади кошаркари, така беше и во Куманово со Лука Димитриевски и Милош Јовановиќ, а и во Војводина каде го форсираше 17-годишниот Цимбаљевиќ во АБА 2 лигата.


