Навивачите на МКК Куманово повторно предизвикаа прекин на натпревар на домашен терен во домашното првенство.
По инцидентите против Феникс и Чаир, нормално не се одвиваше ни дуелот против МЗТ Скопје, во полуфиналето од домашниот плејоф. Откако неколку пати го изразија своето незадоволство во текот на првото полувреме, по завршувањето на вторача четвртина, тие го нападнаа Тадија Тадиќ и дури се обидоа да му го соблечат дресот. Навреме реагираше обезбедувањето и спречи поголем инцидент, но судиите побараа салата „Перо Наков“ да биде испразнета пред да продолжи мечот.
За да се случи тоа, на организаторот му беа потребни околу 45 минути по што натпреварот продолжи. Не се познати причините за нападот на Тадиќ ако се знае дека и покрај големата негатива на МКК Куманово (28-53), тој беше еден од подобрите со пет поени, пет асистенции и два скока.


