Првата македонска кошаркарска лига од сезоната 2026//27 ќе брои 10, место досегашните 12 екипи.
Таков е заклучокот по вчерашната седница на Управниот одбор на Кошаркарската федерација на која беа донесени низа важни одлуки. Претстојната сезона од Првата лига во понизок ранг ќе испаднат дури три екипи, а цо елитата ќе биде унапредена само една. Интенцијата е во сезоната 2027/28 во Првата лига да има само осум екипи, но за тоа дополнително ќе се разговара во следниот период.
Последен пат, Првата лига имаше десет екипи во сезоната 2016/17, но тогашниот систем на натпреварување беше специфичен. МЗТ Скопје и Карпош Соколи не учествуваа во главниот дел од првенството затоа што играа во по две меѓународни натпреварувања: МЗТ Скопје во АБА и УЛЕБ Купот, а Карпош Соколи во АБА и Балканската лига. Поради тоа, во основниот дел од Првата лига учествуваа осум екипи, а МЗТ Скопје и Карпош Соколи се вклучија во топ-6 фазата. Следната сезона лигата се прошири на 12 екипи и така остана се досега.
Уште една важна одлука од вчерашната седница е тоа што од новата сезона се враќа во сила правилото, во секој момент од натпреварите, на теренот да има најмалку по двајца македонски кошаркари во двете екипи.


