Иако минатиот месец во ФИБА беше пријавена салата во Куманово како домаќин на двата дуела од претквалификациите, во меѓувреме дојде до промена на планот во Кошаркарската федерација на Македонија.
И по мечот со Романија на 2 август можеа да се слушнат најави, а сега е официјализирано и преку ФИБА дека Македонија ќе ја пречека Унгарија во салата Кале во Скопје. Натпреварот е закажан за 20 август од 19 часот и со него ќе завршат претквалификациите за Светското првенство.

Тој дуел може да биде и од ревијален карактер ако Унгарците в сабота ја победат Романија на домашен терен бидејќи во таков случај, Македонија ќе ги загуби и теоретските шанси за едно од првите две места во групата.


