На почетокот на подготовките на сениорската репрезентација, евидентна беше и една промена во стручниот штаб на новиот селектор Марјан Илиевски.
Во него остануваат Борче Даскаловски и Мирко Петрески, а ново име е тренерот на Маџари, Миодраг Тодоровиќ. Со само 28 години, тој ќе биде убедливо најмлад член на стручниот штаб во националниот тим.
Тодоровиќ со ова го комплетира кругот бидејќи во минатото беше во улога на асистент и во младинските селекции на Македонија при што најголемиот успех го оствари со сребрениот медал на У20 Европското првенство во 2023 година кога му беше помошник на Никола Василев.


