Здружението на прволигаши денеска во 13 часот ќе одржи состанок по повод одлуката на Судиската организација, првенството да продолжи по велигденските празници.
Клубовите не се задоволни од ваквиот развој на настаните бидејќи по пропуштениот викенд, сакаа првенството да продолжи в сабота, пред Велигден. Судиите синоќа одлучија да се вратат на терените на 23 април кога ќе продолжат сите натпреварувања во сениорска и младинска конкуренција.
За разлика од прволигашите, останатите клубови кои се вклучени во системот на КФМ немаат проблем натпреварувањата да продолжат идната недела.


