Поранешниот шампион на Македонија, Работнички го освои третото место на Меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија откако вечерва го совлада домаќинот Кожув со 85-71.
Скопскиот тим водеше во најголемиот дел од мечот, но победата ја запечати благодарение на одличната трета четвртина која ја доби со 29-14 и по 30 минути игра водеше со 67-51. Во последниот период Кожув не успеа да намали на едноцифрена негатива и Работнички дојде до вредна победаа за кревање на самодовербата пред почетокот на новата сезона.
Џејкоб Хатсон беше најдобар во тимот од Градски парк, остварувајќи дабл дабл со 20 поени и 10 скока, Томпсон додаде 17, а Онил 16 поени. Во домашниот тим се истакна Родни Пурвис со 17 поени.


