Тренерот на Работнички, Горан Самарџиев понудил оставка на својата функција по вечерашниот пораз од ТФТ во вториот меч од полуфиналето на домашниот плејоф, дознава КОШ.МК.
Најтрофејниот македонски клуб има негатива од 0-2 во серијата и е пред елиминација, а одговорноста за тоа ја презел кавадарчанецот. До крајот на сезоната, Работнички ќе игра или во финале или во борба за третото место, но во таа серија ќе биде предводен од стручњак кој ќе биде привремено решение.
Клубот од Градски парк денеска имаше водство од 14 поени разлика, но доживеа колапс во второто полувреме и загуби со 59-71. Третиот меч се игра во текот на викендот, а формален домаќин ќе биде Работнички.


