Откако го договори српскиот интернационалец Андреја Стевановиќ, МКК Куманово го донесе второто засилување за новата сезона.
Станува збор за македонскиот репрезентативец Максим Митевски кој на северот се сели од тимот на Гостивар каде играше претходните три сезони. Минатата кампања беше еден од најдобрите во екипата со просек од 14,3 поени, 5 скока и 3,6 асистенции и индекс 15. Како резултат на тоа дојде повик во националниот тим во пресрет на претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.
Митевски е „дете“ на Работнички каде и ја почна професионалната кариера, а тренер му беше Марин Докузовски кој и го внесе во првиот тим, а сега ќе го води во МКК Куманово и добро ги познава неговите квалитети. Три сезони играше во МЗТ Скопје УБ, а во 2022 година се пресели во Гостивар.


