Викендов не почна плејофот во Првата македонска кошаркарска лига, запрени се и натпреварувањата во сите конкуренции поради штрајкот на судиите, па клубовите побараа итна средба со раководството на КФМ со цел надминуввање на кризата.
Сезоната е во мирување на барање на судиите кои не се исплатени од почетокот на оваа година и побараа сите долгови кон нив да бидат изммирени.
„Согласно членот 27 од Статутот на КФМ, како клуб, член на Федерацијата и претседател на Здружението на клубовите од Втората лига мажи, а знаејќи ја ситуацијата во која сме вклучени не по наша вина, односно блокирани се сите првенства во организација на КФМ, барам итен состанок со сите вклучени страни во овој спор или раководството на КФМ, претседателите на сите здруженија и СК ма КФМ, в понеделник, 14.04.2025 година во 12 часот, со единствена точка на дневен ред – изнаоѓање решение за продолжување на првенствата“, пишува во барањето потпишано од првиот човек на КК Ангели, Благоја Кечовски.
Судиите ѝ дадоа една недела на Федерацијата да ги исплати сите заостанати долгови кон нив и во најдобар случај, првенствата би продолжиле во текот на следнава недела. Тие побараа да бидат целосно исплатени, а не парцијално, каков предлог добиле од раководството на Федерацијата.


