По триото Американци, Маркус Мајер, Џадериус Итмон и Кристијан Кук, Гостивар ангажира и српски интернационалец со кого ја затвори квотата странци за новата сезона.
Нов играч на гостиварци е 29-годишниот крилен центар Кенан Карахоџиќ кој во Македонија доаѓа од хрватскиот второлигаш Самобор, но има доста интересна кариера. На 15-годишна возраст заминал од матичниот Спартак Суботица во Ункаха, таму останал вкупно седум сезони, но бил позајмуван во тамошни второлигаши, како и во Партизан со кого во сезоната 2016/17 настапуваше во АБА лигата и играше против МЗТ Скопје и Карпош Соколи.
Во сезоната 2018/19 му беше соиграч на македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски во шпанскиот второлигаш Хуеска, играл и за Естела и Марбеља, а последните четири години ги поминал во Хрватска.


