Македонскиот национален тим вечерва од 19 часот го игра последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство во 2027 година, против Унгарија на домашен терен.
Во пресрет на овој меч, репрезентацијата остана со само 13 кошаркари бидејќи Марко Миловановиќ го напушти кампот поради болест, а Адем Мекиќ е повреден. Селекторот Марјан Илиевски одлучи во тимот да го вклучи 19-годишниот Марко Луканоски кој ќе има можност да дебитира во сениорската репрезентација на официјален натпревар. Надвор од екипата за вечерашниот меч останува кошаркарот на ТФТ, Тома Стојаноски.
Луканоски е еден од најперспективните македонски кошаркари, висок е 210 сантиметри, а лани беше избран во идеалната петорка на Европското јуниорско првенство Б-дивизија на која македонската У18 репрезентација го освои златниот медал.


