Од 3 до 6 јули во Олимписката арена (ОАКА) во Атина се одржува редовниот тренерски семинар на Евролигата „Euroleague Head Coaches Board“ на кој предаваат најдобрите европски стручњаци, во најголем дел предводници на евролигашки екипи.
На семинарот присуствува и стручниот штаб на поранешниот шампион на Македонија, Тиквеш, предводен од тренерот Атанас Манев и неговиот асистент Атанас Димов. Двајцата имаа(т) можност да слушнат драгоцени совети од врвните кошаркарски умови, како Жељко Обрадовиќ, Пабло Ласо, Чус Матео, Димитрис Итудис, Шарунас Јасикевичиус, Чави Пасквал итн.

„Се е перфектно организирано, учиме и собираме искуство од најдобрите тренери во Европа. Би сакал да упатам благодарност до Тренерската асоцијација и секако до нашиот клуб Тиквеш кои го овозможија ова големо искуство“, рече Манев.
Покрај него и помошникот, на семинарот е присутен и поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ.


