По Маркус Мајер и Џадериус Итмон, екипата на Гостивар денеска го претстави и третото американско засилување за новата сезона.
Станува збор за Кристијан Кук, играч кој ги покрива бековските позиции, а Гостивар ќе му биде прво искуство во европската кошарка. Минатата сезона ја поминал на универзитетот Њу Мексико Стејт во НЦАА. Настапувајќи за овој тим, одиграл 32 натпревара со просек од 12,8 поени.
Во меѓувреме Гостивар го договори и доскорешниот играч на ТФТ, Иван Сапунџиев кој има долгогодишно искуство во Првата лига со повеќе екипи.


