Борец ја заврши сезоната откако вчера го доживеа и вториот пораз од Ангели,, но за утеха на велешкиот тим остана еден од најатрактивните потези.
Го изведе 32-годишниот кошаркар на Борец, Петар Виларов кој на вчерашниот натпревар постигна тројка преку цел терен.
Мал е бројот на професионални кошаркари во земјава кои од таа далечина можат да дофрлат до кошот, но Виларов успеа да ја протне топката низ обрачот, за тројка на сезоната во Втората лига.


