Андреј Шошкиќ е херој на Работнички вечерва откако со тројка со истекот на времето му донесе победа во „мајсторката“ од серијата со Пелистер.
Младиот плејмејкер кој е најголем талент од школата на Работнички во поновата историја на клубот, беше најдобар кога на тимот му беше најтешко. Прво постигна 2+1, а во финишот, кога останаа само четири секунди, го реши победникот на мечот.
Со тоа го однесе Работнички во полуфиналето од плејофот каде тимот од Центар ќе се сретне со ТФТ.


