По Калум Бејкер и Џејлин Билингсли, македонскиот прволигаш Чаир договори уште едно странско засилување.
Во скопскиот тим доаѓа американскиот интернационалец Остин Четмен кому Македонија ќе му биде втора станица во Европа. Минатата сезона ја помина во грузискиот шампионат, како член на Ивериони откако претходно допломирал на универзитетот Хастон Тилотсон. Висок е 203 сантиметри и може да покрие повеќе позиции во екипата.
Во меѓувреме Чаир ги продолжи договорите со неколку кошаркари кои беа членови на овој тим минатата сезона, како Метин Саити, Мети Тачи, Арбин Рушити и Фатјон Реџа.


