Плејофот почнува со најинтересната пресметка во четвртфиналето, меѓу Работнички и Пелистер. Двете екипи се сретнаа и лани, Работнички и тогаш ја имаше предноста на домашен терен, но Пелистер успеа да се пласира во финалето. Денешниот меч се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода од 16:30 часот.


