Кошаркарот на третолигашот Баскет Дино, Петар Ивановски беше еден од 62. лица кои на 16 март загинаа во дискотеката Пулс во Кочани.

Неговиот клуб, но и целата кошаркарска јавност во земјава неколку пати му искажаа највисока почит, но последниот потег ќе придонесе неовиот лик вечно да живее во овој град.

На ѕидовите на салата „Сашо Лазаров Чапо“ во Кочани од денеска има мурал посветен на Ивановски кој ќе потсетува на момчето што речиси целиот свој прерано згаснат живот ѝ го даде на кошарката. Муралот е промовиран денеска, кога Петар требаше да го прослави својот 21. роденден.


